недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Матијас Мајер победник на спустот во Лејк Луис

Матијас Мајер победник на спустот во Лејк Луис

Скијачкиот караван викендов е во Лејк Луис, каде на програмата беше машкиот спуст.

Матијас Мајер од Австрија на канадскиот снег со време 1:46.74 минути. Тој за 23 стотинки беше побрз од сонародникот Винсент Крихмајер, а третото место му припадна на Швајцарецот Беат Фојц.

Оваа победа за Мајер е единаесетта во професионалната кариера. Утре во Лејк Луис ќе се вози трката во супервелеслалом.