Во вечерашното издание на емисијата „Заспиј ако можеш„ во Алфа телевизија, пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, истакна дека јавноста треба да знае дека Собранието е нефункционално, затоа што власта нема кворум, а има барања кон Владата за решавање на енергетската криза и помош за граѓаните затоа се бара седница.
-Нема кворум тоа треба да го знае целиот македонски народ, денеска не може да се одржи седница затоа што 59 пратеници имаат и еден европеец кој гледаме дека ќе се преместувал на другата страна, но и со него повторно нема мнозинство, затоа што билансот е 60-60, и Собранието не може да функционира, вели Мисајловски.
Мисајловски вели дека затоа денеска на прес конференција од Собранието упатил две барања за да се одржи седница за да се продолжи кризната состојба каде што ќе Владата за помош кон граѓаните директно на нивните сметки да испорача 250 милиони евра и на компаниите.
-Ако се покачи струјата според најавите од 20 проценти Владата да им даде на граѓаните и компаниите помош, но и второ барање е да им се помогне на општините во новите договори, откако ги раскинаа старите договори за електрична енергија, сега во новите им е побарано двојно поскапа струја да плаќаат, вели Мисајловски.
Мисајловски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да обезбеди кворум затоа што власта го нема за да се обезбедат средства за помош на граѓаните, а проблемот е дали навистина власта сака да му помогне на народот.