понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев: Маричиќ да објасни како тоа ќе има меѓународни истраги за пресудени предмети

Калајџиев: Маричиќ да објасни како тоа ќе има меѓународни истраги за пресудени предмети

Зоран Заев и Африм Гаши денеска ставија потпис на договорот за коалиција, а меѓу позначајните барања кои се одобрени од СДСМ и ДУИ е меѓународна истрага за судски процеси кои се воделе во Македонија, а биле оценети како политички инструирани.

Оттука стручната фела почна да се огласува по социјалните мрежи и да го прашува министерот за правда, Бојан Маричиќ како може да пресудени предмети да се води меѓународна истрага.

-Се моли министерот за правда да објасни како тоа ќе има меѓународни истраги за пресудени предмети?, прашува професорот Гордан Калајџиев.

-Владата ќе побара екипа од независни експерти да направат меѓународна истрага за Монструм, Алмир Алиу и така натака. Владата ќе донесе закон за меѓународен развој за развој на липковскиот регион. Владата ќе развие и ќе спроведе политики за правата на сите заедници во државата, а особено ќе ги поддржи тие за семејството. Ќе ги поддржи политиките за борбата против криминалот и корупцијата. Владата ќе го ревидира законот за извршување кој треба да е во интерес на граѓаните, а потоа на институциите. Владата ќе направи стратегија за развој и квалитет на образованието. Владата ќе работи за спроведување на проектите на сите нивоа, преку зголемување на одговорноста кај функционерите“, кажа Гаши додавајќи дека ова е дел од новата владина програма.

Најнови вести