сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Срамно е тоа што го направи Маричиќ, кога мислам дека дури ги руши границите на примитивизмот, тој покажува дека може уште попримитивно

Мицкоски: Срамно е тоа што го направи Маричиќ, кога мислам дека дури ги руши границите на примитивизмот, тој покажува дека може уште попримитивно

Тоа што го кажа пратеничката Дафина Стојаноска, тоа се случило. Вие може да глумите во животот. Но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 во емисијата Клик плус.

Според Мицкоски нормално е да се побара оставка од вицепремиерот Маричиќ.

„Ама нормално е и да не даде оставка за да остане да ги ужива привилегиите кои ги дава функцијата. Срамно е тоа што го направи Маричиќ, кога мислам дека дури ги руши границите на примитивизмот, тој покажува дека може уште попримитивно“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека однесување не недзволиво за вицепремиер.

„Сексистичкит настап е недоговорно нешто на вицепремиер, тој само тоне повеќе со лагите, еден ден ќе се одговара за се што е казниво“, рече Мицкоски.

Најнови вести