Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин вели дека изворно не е запознаена со текстот на договорот помеѓу Заев и Гаши.
Таа очекува да бидат повикани од страна на Премиерот и истот да им биде презентиран.
-,Очекувам да бидеме повикани за да ни биде презентиран овој Договор што е постигнат со Алтернатива, бидејќи ние немаме информации што содржи тој Договор и што е договорено. Очекувам да имаме разговор со Премиерот Заев и да ни биде презентирано она што е договорено. Она што е за нас како ДОМ е најважно, тоа се програмските приоритети на новата Влада, за кои немаме разговарано. Во јавноста некако одеа само позициите што се договарани и се остави впечаток дека практично Алтернатива во Владата и парламентарното мнозинство е врзана со министерски, заменички, директорски и итн. места, но за нас најважно е програмата на новата Влада, вели Морачанин во изјава за порталот Лидер и додава:
„Бидејќи Дом кога стана дел од Владата во 2020 година беше прифаќањето на Европскиот Зелен Договор, кој беше наше клучно барање и по наш предлог беше усвоен од Владата.
Факт е дека во јавноста се добива впечаток дека со голем број на позиции ќе раководи Алтернатива, но јас не сакам да коментирам, ниту е коректно за други политички партии да се зборува. Легитимно е секој да преговара и тоа е работа на преговори и договори. Но, она што за нас е важно тоа се програмските приоритети. Тој дел од Договорот за нас е многу важен како дел од мнозинството за поддршка на новата Влада.“