среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Анди Шмит се враќа во татковината

Анди Шмит се враќа во татковината

Анди Шмид на крајот од сезонава ќе го напушти Рајн-Некар Левен, но швајцарскиот ракометен генијалец нема намера да ја заврши кариерата.

Искусниот 38-годишен ракометар веќе објави дека ќе се  врати назад во татковината и ќе потпише договор со тимот на Криенс Луцерн.

„Некои луѓе ме советуваа да ја завршам кариерата. Сепак, јас сум се уште здрав и уживам играјќи ракомет. Затоа, решив да продолжам да играм. Јас и моето семејство решивме да живееме во регионот на Луцерн бидејќи нашите корени се од овој дел од земјата. Развојот на швајцарската лига со амбициозни клубови и унапредување на инфрструктурата придонесе за раѓање на уште поголеми амбиции. Јас лично сакам да возвратам дел од сето она што го добив од ракометот, да споделам дел од вредностите што ги имам научено во кариерата. Најдоброто од се е што тоа ќе го направам онаму каде што ја почнав кариерата“, изјави Шмид.