среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седици ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика и Законодавно – правната комисија. Најавена е и работна средба на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците со директорите на ИРИ во Македонија и во Босна и Херцеговина.

Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, во второ читање, е на дневниот ред на седниците на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно – правната комисија.

Во двете собраниски комисии ќе се разгледува и Предлог – законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на патен коридор VIII – I фаза на проектот, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, во второ читање.

Пратениците на оваа седница, според најавите, меѓу другото треба да дискутираат и по Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност, по скратена постапка, во второ читање. Оваа точка е на агендата и на седницаата на Законодавно-правната комисија.

Предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седниците на Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно – правната комисија.

Најнови вести