Димитар Ковачевски беше лажно претставуван како дипломец на Харвард, а Ковачевски тоа молкум го одобруваше. Но, Ковачевски го нема во системот на дипломирани на Харвард. Човек што лаже и премолчува лага за себе, е способен да лаже и да премолчува и одобрува лаги за сѐ понатаму. Ако Ковачевски прифаќа лага за своето образование, тоа е само потврда дека блеска заевизмот. Курсот на Харвард Бизнис Скул трае 3-4 дена. За присуство на курсот нема услови за примање, не се полага приемен испит, ниту пак потоа се полага некаков завршен испит. Единствено се добива сертификат за присуство. И тоа се плаќа, многу се плаќа. Но тоа не дава никаква поврзаност понатаму со Универзитетот Харвард, ниту пак има Алумни број, ниту пак диплома, ниту меил адреса, што е дел од документите на Харвард и другите светски универзитети, изјави на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека за тоа кој го минал Курсот таму не постои систем, а може да го мине секој со десетици илјади евра колку што тој чини.
– Ковачевски и без оваа лага беше наметнат во СДСМ затоа што Заев си постави свој разглас и му ги наполни изборните кутии. И оттука се прашањата што Ковачевски, но и СДСМ, сакаа да постигнат со ширењето на лаги за неговото образование: Дали со лажната биографија на Ковачевски се сакаше да се сокрие улогата на пиун и марионета на Зоран Заев? Дали со овој заевизам се сакаше да се покрие фаворизирањето во корист на Ковачевски и заевизмот? И дали со оваа лага требаше да се намали значењето на молкот и неспособноста на Ковачевски во министерскиот кабинет во финансии додека тонеше и се уште тоне Македонија, запраша портпаролот.
Стоилковски додаде дека едно е јасно, ако курс се прикажува како факултет, продолжува блескањето на заевизмот.
– Нема полошо од заевизмот, за Македонија нема полошо од СДСМ, дециден е тој.