Градот Скопје денеска ги прогласи најдобрите трговски објекти за 2021 година, како дел од традиционалната манифестација „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите трговски објекти ги додели претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески кој им посака понатамошна успешна работа и задоволни купувачи.
Проектот „Месец на трговијата” традиционално се спроведува петнаесетта година по ред од Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research. Оваа година проектот се реализираше во периодот од 1 до 25 ноември. Најдобрите трговски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи (mystery shopping), кои со вкупно 723 посети во 241 трговски објект го оценуваа квалитетот на услугата според 7 елементи:
– изглед на продажното место
– прв контакт со вработените
– Covid 19 критериуми
– услуга кон купувачите
– продажни вештини
– завршен контакт
– задоволство од купувачкото искуство.
Плакети се доделуваат на најдобрите три трговски објекти кои постигнале највисок вкупен резултат според испитаните елементи на услугата во следните 8 категории (дејности(sad)
– Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома
– Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема
– Парфимерии и козметика
– Салони за мебел и канцелариска опрема
– Супермаркети
– Модни додатоци и накит
– Бутици
– Домаќинство
Најдобрите трговски објекти во Скопје за 2021 година во осумте наведени категории се:
Категорија Апарати за домаќинство, бела техника и сѐ за дома
1. Техномаркет
2. Нептун
3. Сетек
Категорија Модни додатоци и накит
1. Божиновски
2. PANDORA
3. MY:TIME
Категорија Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема
1. I Style
2. А1 Македонија
3. LEDICOM
Категорија Парфимерии и козметика
1. LOGONA
2. L’OCCITANE
3. Schatze
Категорија Салони за мебел
1. Југоекспорт Стил
2. Прима мебел
3. Симпо
Категорија Супермаркети
1. Веро
2. Рамстор
3. Жито маркет
Категорија Бутици
1. City Fashion
2. Timberland
3. ARISTOTELI BITSIANI
Категорија Домаќинство
1. BAZARO
2. LUSSO
3. VICKO
Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај трговците и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите, како и да се подигне општото ниво на квалитет во трговските објекти во градот.