Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Македонската телевизија вели дека со Алијанска на Албанците и останатите политички партии кои се дефинираат како опозициски додавајќи дека таа соработка се базира на темелни вредности.
И со Алијанса за Албанците и останатите партии кои себе си се дефинираат како опозициски партии ценам дека треба да имаме принципиелна соработка како до сега што имавме, базирана на темелни вредности за кои што ќе се залагаме, и тука ние нема никаков проблем, тоа е дел од таа втора епоха, рече Мицкоски.
Во однос на коалицијата на СДСМ/ДУИ со Алтернатива, претседателот Мицкоски вели дека доколку државата не добие датум за почеток на преговорите со Европската унија, тогаш Алтернатива која одлучи да влезе во коалиција со СДСМ и ДУИ треба да излезе од владата, односно како што рече тој ценам дека треба да излезат и да ги надминат своите суети и да повикаат на предвремени парламентарни избори бидејќи оваа влада ваква каква што е нема иднина.
Но, мојата порака до Алтернатива после четврток ќе биде дека навистина повеќе не ја гледам потребата ако Македонија не ги почне преговорите да бидат дел, бидејќи тие се уште не се ни дел официјално на владата, само усмено се дел, практично нема. Клучната работа која што нив ги обединува во таа нова влада е почетокот на преговорите, ако тоа не се случат, тогаш не ја гледам причината и ако навистина Алтернатива, на која што и е името Алтернатива на ДУИ тогаш ценам дека тие треба да излезат да ги надминат своите суети и фрустрации и да кажат повикуваме на обединување на опозиција, очигледно дека оваа влада ваква каква што е нема иднина, предвремени парламентарни избори и составување на влада која што нема да го зачува ДУИ и СДСМ, дециден е Мицкоски.