вторник, 2. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Седумкратниот шампион во Ф1, Луис Хамилтон, прогласен за витез

Седумкратниот шампион во Ф1, Луис Хамилтон, прогласен за витез

Во Виндзорскиот замок, седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, денеска се здоби со најголемата чест од британското Кралско семејство.

Принцот Чарлс го одликуваше за витез, па возачот на Мерцедес од денеска ќе биде Сер Луис Хамилтон.

На 36-годишникот му беше доделена титулата витез откако се изедначи со Михаел Шумахер со неговото седмо Светско првенство во Формула 1.

Возачот на Мерцедес ја пропушти рекордната осма титула оваа сезона по исходот од трката во Абу Даби, каде што Макс Верстапен ја освои титулата за прв пат.