среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на традиционалниот марш до Петлец: Се одбележуваат 115 години од смртта на револуционерот Даме Груев (ФОТО)

Мицкоски на традиционалниот марш до Петлец: Се одбележуваат 115 години од смртта на револуционерот Даме Груев (ФОТО)

Доколку не би постоеле големите луѓе и големите датуми во историјата на Македонија, би се изгубила можноста за наше препознавање меѓу нациите, бидејќи без нивните подвизи, дела и херојства би била празна историјата и културата на нашиот народ. Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот живот во борбата за слободна Македонија, денеска на планината Петлец во близина на Русиново, се одбележува 115 годишнината од неговата погибија.

На традицоналниот марш до Петлец „По врвиците на Војводата Дамјан Груев 2021“ во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово, присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, членот на Извршниот комитет, Драган Ковачки, како и градоначалниците на Пехчево и Македонска Каменица, Александар Китански и Димчо Атанасовски.

Собирното место беше во село Русиново, продолжува со Панихида на чест на Војводата на селските гробишта, потоа со положување на свежо цвеќе и тргнување кон местото на загинувањето на Војводата.

Мицкоски, заедно со Ковачки и градоначалниците положи цвеќе и се поклони пред споменикот во село Русиново.

Цвеќе пред споменикот положија и од Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ.

Овој настан традиционално со огромна почит се организира долги години наназад.

Даме Груев, токму на Петлец, во 1906 година, почина како и што живееше- храбро, тврдокорно, со мислата за Македонија. Тој е неизбришлив и безвременски патник кој никогаш нема да исчезне.

Мицкоски на Фејсбук порача дека делото и борбата на Груев треба да се вечни, исто како и нашата единствена Македонија.

-Русиново – Петлец 7,5 км. Планина, малку снег, малку сонце, прекрасни луѓе. Во чест на Дамјан Груев.
Хероите се бесмртни затоа што живеат во делата.
А Македонија, која е дело на нивната борба, пред таквите идеи, жртва и стремеж се поклонува. Денес на Петлец, по 115 години од погибието на еден од основачите на ВМРО и еден од нејзините водачи, Дамјан Груев.
Слава му! Неговото дело и борба треба да се вечни, исто како и нашата единствена Македонија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести