Вечерва во гостување во Дневникот во Сител ТВ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ со новиот општествен договор започнува со едни нови политики затоа што е различна и модерна европска партија, каде секој што сака да биде дел од тоа треба да биде квалитетен и чесен човек, а други поделби и бариери не не интересираат.
-Започнуваме со едни нови политики, со еден општествен договор каде што секој може да се пронајде, започнавме со Македонија за сите луѓе за да ни приближат различни целни групи, бидејќи сакаме да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е навистина една модерна и европска партија каде секој може да си го најде местото, и тој што сака да биде дел од нас, треба да биде само квалитетен и чесен човек, други бариери и поделби не не интересираат, рече Мисајловски.
Мисалјовски вели дека на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката и мора да продолжи да креира нови политики, да се покаже дека партијата е поразлична од останатите и дека научила од грешките во минатото.
-Народот е веќе уморен од се што се случува и сака промени во државата, ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата историска победа од рамки на опозиција и тоа е наша обврска и работа пред граѓаните, а многу труд е вложен за да овој резултат се случи, а ние ги побивме сите анти-ВМРО тези кои ги покажаа партиите од власта во кампањата на локалните избори, пробаа да го направат ВМРО нешто што не е, докажавме дека е спротивното, појасни Мисајловски.
Мисајловски дополни дека кога и да се случат следните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи затоа што граѓаните сакаат промена, а новите политики и работа кои партијата ги нуди се за сите граѓани.