среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Папазов: Организиравме координативен состанок за поплавите во истокот, затоа што изостана поддршката од централната власт

Папазов: Организиравме координативен состанок за поплавите во истокот, затоа што изостана поддршката од централната власт

Денес општина Кочани и јас како градоначалник имавме можност да организираме еден иницијативен координативен состанок со градоначалниците од истокот, поврзан со неодамнешните случувања во врска со поплавите, чувствувајќи дека изостана поддршката од централната власт ние се договоривме за неколку работи, истакна Љупчо Папазов, градоначалник на Општина Кочани.

-Најнапред се договоривме да формираме локални кризни штабови, од регионален и општински карактер, го утврдивме оперативниот план со кој се мапираа критичните точки, кои беа на удар од поплавите и ги утврдивме ресурсите со кои располагаме, расположлива опрема и човечки потенцијал. На крајот донесовме заклучок дека треба да се формира комисија за проценка на штетите и да се бара надомест за истите.