Ако некој нема волја да ја крене рампата, може да каже ајде скини го она највисокото јаболко што се наоѓа на дрвото и јас да речам не можам да го скинам тоа, а епа чим не можеш тогаш не може да го тргнеме ветото. Тоа се игри без граници. Јас сум сериозен човек, сега ако ние си зборуваме за сериозни работи, да зборуваме за сериозни работи. Јас еве подготвен сум да зборувам за железница утре да седнеме, подготвен сум да зборувам за образование утре, сум бил дел од меѓународен проект финансиран од ЕУ и тоа на Универзитетот Скопје – Софија – Бергамо – Виена – Ахен, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде дека треба да се зборува за дигитализација, за вештачка интелигенција, за подобра економија, за туризам.
-Ама сега вие да ми кажувате дека Гоце Делчев не бил Македонец, туку Бугарин, дека тоа е ветото. Дека мојот јазик не бил македонски, туку бил дијалект на бугарскиот, дека дедо ми бил Бугарин, татко ми Македонец, тоа се работи за кои што нема сега добар соговорник кај мене. Јас не сум добар соговорник. Дали ќе се отворил Уставот, едно мало зборче Бугари. Па едно мало зборче нека додадат Македонци. Ако е толку мало, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека Бугарија е во ЕУ, нели треба да споделува европски вредности.
-Што не применат едно од Резолуциите за човекови права во Стразбур, една еве мала Резолуција нека биде најмалата, нека ја изберат. Нека ги регистрираат друштвата таму на нашите Македонци. Со потценување на не гледаат. Затоа што настапот ни е со потценување. Настапот ни е со потценување. Одат коленичат таму. Преговараат за мојот идентитет. Не е во ред, нагласи Мицкоски.
Мицкоски укажа дека е доста со коленичење и потценување.