Златко Хорват во продолжение од сезоната ќе го носи дресот на Дабаш. Унгарскиот тим и официјално го претстави хрватскиот ракометар, кој доаѓа од редовите на Металург. Хорват и тимот од Автокоманда пред неколку дена се разделија пријателски.
„Во зимскиот трансфер период во Унгарија тешко е да се најде квалитетно решение за десната крилна позиција, ние го најдовме со ракометар во странство.
Задоволство ни е да објавиме дека во Дабаш доаѓа светска ѕвезда, која со својата неверојатна рутина може да донесе многу за нашиот тим и да им помогне на помладите ракометари“, рекоа од Дабаш.