среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Во мојот начин на делување немало двојни принципи, ниту ќе има во иднина, интегритетот е нешто кое нема цена – на СДСМ тоа им е непознат поим!

Митева: Во мојот начин на делување немало двојни принципи, ниту ќе има во иднина, интегритетот е нешто кое нема цена – на СДСМ тоа им е непознат поим!

Во мојот начин на делување немало двојни принципи, ниту ќе има во иднина. Интегритетот е нешто кое нема цена! Стојам зад тоа, со целиот свој професионален начин на делување од почетокот и ќе е остане така до крајот! СДСМ ги гледа функциите во државава како начин за печалење пари, за криминал, јас пак бев силно уверена дека ќе го извадам криминалот на ЈП Водовод на виделина, ќе и образложев на јавноста како се склучувале договори за изградба на водоводна мрежа на Варшавска и.т.н …, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Но ќе дадев и свој личен пример како со домаќинско работење се доаѓа до успех. Но, нема да им го пружам задоволството на СДСМ да си држат пресови со намера да фрлат црна дамка на мене, затоа се заблагодарувам на довербата, но барам предлогот за мене да биде повлечен. А кој и да биде член на управниот одбор јавно го повикувам да ми ги каже криминалите, па јас ќе продолжам на прес!!!

Јавните претпријатија ќе бидат првиот доказ за тоа во каква була ја однесовте Македонија!, пишува Митева во својата објава.

Најнови вести