понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Честитка од претседателот Пендаровски до христијанските верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до христијанските верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото Раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

„Дозволете да упатам искрени честитки на сите верници кои го празнуваат големиот христијански празник, Христовото Раѓање – Божиќ по Грегоријанскиот календар.

Божиќ, како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството, нè потсетува на основните човечки вредности, да живееме во мир и во хармонија, да бидеме чесни и достојни, солидарни и правдољубиви. Овој голем христијански празник во нашите срца вселува радост, љубов и надеж.

Во овие тешки времиња на предизвици и пандемија, добро е да се потсетиме дека светлината на Христовото Раѓање нè обединува во вербата и во добродетелството, бидејќи со надеж и со љубов се победуваат и најтешките искушенија.

Како одговорни граѓани, во празничните денови што следат, да бидеме и понатаму внимателни, чувајќи го и заштитувајќи го сопственото здравје, а со тоа и здравјето на нашите најблиски.

Ви посакувам Божиќ да го поминете во добро здравје, меѓу своите најблиски.

Честит Божиќ!“, стои во соопштението до претседателот на државата.

Најнови вести