петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На почетокот од 2022 година, на Земјата ќе и се приближи астероид со големина на автобус

На почетокот од 2022 година, на Земјата ќе и се приближи астероид со големина на автобус

Според американската вселенска агенција НАСА, астероидот 2014 YE15, првпат откриен во 2014 година, на 6 јануари ќе се приближи до Земјата на оддалеченост од околу 7.400.000 километри, пренесува Russia Today.

Иако НАСА смета дека објектите поголеми од 150 метри кои се приближуваат до Земјата на оддалеченост од 7,5 милиони километри се „потенцијално опасни“, овој астероид со ширина од седум метри или „големина на автобус“ не се смета за голема закана.

Крајот на годината ќе биде обележан со навидум поголема опасност која поминува од вселената, бидејќи на 29 декември, астероид широк околу 149 метри ќе се приближи многу поблиску до Земјата, на 3.540.000 километри.

Астероидите се појавуваат во релативна близина на планетите на секои неколку дена, а НАСА ги следи нивните движења и редовно ја ажурира листата на следните пет пристапи кон астероидите.

Сепак, тоа не значи дека тие можат да се игнорираат. Дури и малите можат да предизвикаат проблеми, бидејќи во 2013 година, астероид широк 20 метри експлодираше над Челјабинск во Русија, ослободувајќи ја истата енергија како и околу 26 до 33 експлозии на атомски бомби. Оштетени се неколку згради, а околу 1.500 луѓе се згрижени поради повредите предизвикани од експлозијата.