понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Фатени на радар со над 200 км/ч, 90 казни за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

ФОТО: Фатени на радар со над 200 км/ч, 90 казни за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска од 9 до 15 часот спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 90 возачи.

Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести