Новите лекови против Ковид-19 во 2022 година значително ќе ги подобрат шансите за преживување на тешко болните пациенти заразени со новиот коронавирус, изјави директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге.
– Јас сум ентузијаст за новите антивирусни лекови кои најверојатно ќе се појават на пазарот во 2022 година и кои значително ќе ги зголемат шансите за преживување на пациентите примени во болница со тешка форма на Ковид-19, рече тој.
Клуге нагласи дека вакцините од следната генерација ќе бидат поефикасни против новите варијанти на коронавирус што ќе се појават низ целиот свет.
– Не можам да ја предвидам иднината. Но, треба да се забележи дека сегашните вакцини се првата генерација вакцини за Ковид-19. Идните вакцини ќе бидат поусовршени и приспособени на новите варијанти, што ќе ги направи поефикасни. Тоа е процес сличен на оној што веќе се случува со вакцините против грип, кои речиси секоја година се приспособуваат на новите соеви, објасни тој.