Една од најпознатите српски и југословенски манекенки Тамара Бакиќ (87) почина во саботата во Белград.
Тамара Бакиќ е родена во 1934 година во Сомбор.
View this post on Instagram
На свои 24 години влегла во светот на модата, а била сведок и еден од главните актери на појавата на српската мода во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.
Тамара цел живот остана во светот на модата, па на 82 години беше ѕвезда на модна ревија во Њујорк.
View this post on Instagram
Во 1958 година премиерно излегла на пистата на првиот Саем за мода што се одржал во Југославија. Ревијата ја следел и прочуениот моден дизајнер Кристијан Диор.
View this post on Instagram