сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Борел: Барањето да се запре проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо

Борел: Барањето да се запре проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел во интервју за весникот „Велт“ ги нарече барањата на Русија за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток „чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови“.

„Барањата за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток се чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови, особено за Украина“, вели Борел.

Тој додава дека за првпат Москва „ги изнесува своите барања во писмена форма – нешто што досега не се случило“.

„Тоа го прават само победниците: тие велат – ова се моите услови“, рече Борел.

Во средината на декември руското Министерство за надворешни работи објави нацрти на договорот со САД и договорот со НАТО. Документите веќе се предадени на Вашингтон и неговите сојузници. Во една од клаузулите, Москва предложи земјите од НАТО да и дадат гаранции на Русија кои ќе спречат понатамошно проширување на исток, особено на украинска територија.