вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Од утре се укинува бесплатниот јавен превоз

Од утре се укинува бесплатниот јавен превоз

Од утре, четврток (30.12.2021 год) прекинува да важи времената одлука за бесплатен превоз за сите граѓани, како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираат од ЈСП Скопје.

Одлуката е согласно добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.

Со тоа, автоматски прекинуваат да важат вонредните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатниот јавен превоз.