сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонскиот образовен систем како „швајцарско сирење“

Македонскиот образовен систем како „швајцарско сирење“

Неколку години по ред македонскиот образовен систем наликува на „швајцарско сирење“.

Реформи нема, дигитализацијата која ја ветуваа и со сила ја наметнува стана „мисловна именка“ за власта, а капак на целата ситуација е негрижата за децата.

Сведоци сме изминатава година на неколку ситуации во кои педофили им се приближуваат на децата, професорите ги тепаат, а поради корона кризата децата ги изнесуваат во школските дворови на минусни температури.

Јавноста сведочеше на неколку настани во кои учителите малтретираа-тепаа ученици, пред седум дена ваков инцидент се случи во гимназијата „Ибрахим Темо“ во Струга, каде професор со боксирач удирал ученик.

Ученикот бил примен во болница со видни повреди на главата.

Сличен ваков случај беше забележан и во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопски Бутел, каде учениците успеале да го снимат нивниот учител, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Но, ова не е се! Пред само неколку дена градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, побара разрешување на директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, поради како што кажа Муцунски, тој бил пријавен за сексуално вознемирување.

-За актуелниот директор во заминување во изминатите години имаше огромен број поплаки, како од родители на ученици, така и од наставниот кадар на училиштето. Состојбите во училиштето беа повод и за сериозна грижа на општата јавност. За оваа моја одлука го информирав и Министерството за образование и наука и доколку тие не одлучат да ја преиначат мојата одлука, во најбрз рок во училиштето ќе именуваме в.д. Директор од редот на вработените. Во иднина нема да дозволам несоодветни кадри да бидат поставувани на високи позиции, особено кога станува збор за образовни институции, се вели во објавата на Муцунски.

Случајот со директорот на ова училиште подолго време ја тресеше јавноста поради објавата на фотографии со експлицитна содржина и потресни сведоштва за непристојни предлози, закани и омаловажувања од страна на директорот кон неговите вработени.

За неговото однесување алармираа повеќе вработени жени кои биле малтретирани и сексуално вознемирувани.

Коалиција Маргини и Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2019 објавија извештај во којшто побараа институциите да го истражат проблематичното однесување на директорот, но и покрај сите укажувања тој се уште го води најголемото училиште во државава.

Повеќе од една деценија во училиштата во Македонија задолжително е ангажирано и приватно обезбедување по серијата тепачки и немили настани, но дали ова го реши проблемот?

Ако се земе во предвид само изминатава година по се изгледа овој проблем не само што не е решен, туку ситуацијата е влошена.

Па оттука родителите кои го плаќаат ова обезбедување се прашуваат дали вреди?

Најнови вести