понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Пол-позицијата за Роси на „Муџело“

Пол-позицијата за Роси на „Муџело“

Возачот на Јамаха Валентино Роси, ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Италија во Мото ГП Шампионатот.

Тој на „Муџело“ беше најбрз во квалификациите со време 1.46.208 минути, а последен пат ја освои пол-позицијата на оваа патека пред две сезони.

Квалификациите втор ги заврши возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, со заостанување од 35 илјадити делови од секундата, додека трет низ целта помина Маверик Вињалес со нецела една секунда заостанување.

Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез, ќе стартува од шестата позиција.

Трката за ГН на Италија се вози утре од 14:00 часот.