вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ЃОКОВИЌ ВО ПРИТВОР! Таткото на тенисерот потврди: Од полицијата не може да се дојде до Новак

ЃОКОВИЌ ВО ПРИТВОР! Таткото на тенисерот потврди: Од полицијата не може да се дојде до Новак

Новак Ѓоковиќ е приведен на аеродромот во Мелбурн, потврди неговиот татко Срѓан.

Како што изјави Срѓан Ѓоковиќ за Б92, најдобриот тенисер во светот моментално е сместен во соба на аеродромот во Мелбурн.

– Никој не може да влезе таму, изјави таткото на актуелниот шампион на Австралија опен, додавајќи го следново.

„Пред неговата соба има двајца полицајци“.

Што се случува воопшто со Новак Ѓоковиќ?
Откако најдобриот тенисер на светот во вторникот објави дека пристигнува во Австралија бидејќи добил медицинско ослободување за Грен слем (покрај задолжителната потврда за двојна вакцинација против коронавирус тип САРС-КоВ-2), слета денеска на аеродромот Туламарин (околу 23.30 часот по локално време) и е задржан. А не му било дозволено да ја напушти аеродромската зграда поради голем проблем, јавува локалниот „Ејџ“.

Граничната полиција забележала дека тимот на Ѓоковиќ поднел барање за погрешен тип на виза, а не за лицата кои го добиле споменатото медицинско ослободување. По тој повод, граничната полиција стапила во контакт со локалната власт на австралиската држава Викторија, која се однесувала малку грубо, во стилот „убаво напишете го во официјална форма“, па кога го чекала писмото – сепак одбила да дозволи Новак да влезе на територијата. Во тој момент стана јасно дека се можни само две сценарија, од кои едното е депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија.