сабота, 30. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Родена е Јованка Орлеанка

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Родена е Јованка Орлеанка

На 6 јануари во 1412 година е родена Јованка Орлеанка (Жан Д’Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 до 1453 г.).

На младата селанка, на која “гласовите од небото” и наредиле да ја спаси Франција, кралот Карло Седми и доверил и водство на еден воен одред од 800 воини и таа во 1429 година го спасила градот Орлеан од англиските освојувачи.

Подоцна паднала во рацете на бургундијците (приврзаничка партија на англискиот крал) кои ја предале на Англичаните.

Била прогласена за вештерка и осудена од црковниот суд на смрт со запалување, што било извршено во Раун, на 30 мај 1431 година.