вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Познато со каква казна ќе се соочи Ѓоковиќ доколку го депортираат од Австралија

Познато со каква казна ќе се соочи Ѓоковиќ доколку го депортираат од Австралија

Новак Ѓоковиќ може многу да загуби доколку неговата жалба на одлуката за повлекување на визата биде неуспешна. Како што пренесува „Асошиејтед прес“ доколку судот донесе одлука против него, првиот рекет во светот може да добие забрана за влез во Австралија следните три години.

Практично тоа значи дека тој не би можел да игра на Австралија опен до 2025 година.

„Личноста на која и е откажана визата може да добие забрана за влез во Австралија во период од три години. Се разбира секој случај е различен и секое ново поднесување на виза ќе се разгледува дополнително, но големи се шансите тоа да биде одбивано“, стои во соопштението од граничната служба на Австралија.

Новак веќе четврти ден е во хотел Парк во Мелбурн каде ја чека конечната одлука.