вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Градоначалникот на Општина Битола закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав

Градоначалникот на Општина Битола закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за денес во 11.00 часот, закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав.

На состанокот главниот акцент ќе биде ставен на две точки:

Првата, состојбата во Битола после вчерашните серија земјотреси и

Втора точка, состојбата со КОВИД 19 во Битола.

На состанокот ќе бидат разгледани и дополнителните мерки кои може да бидат преземени од страна на штабот за заштита и спасување на Општина Битола по однос на наведените две точки.