Скопјани се смрзнуваа во текот на викендот, радијаторите беа ладни, а таму каде има можност се користат топлинските пумпи (клима уредите) или електричните греалки и дополнително се оптоварува електро – енергетскиот систем. Зошто ова се случува? Затоа што ТЕ-ТО произведува топлина кога произведува струја (когенерација – така е поисплатливо) или да бидам попрецизен ТЕ-ТО си склучил договор за jануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навeчер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ, стои во Фејсбук статусот на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Како да се надмине сето ова, да има топли радијатори и да има струја? Распишете веднаш тендер ЕЛЕМ (ЕСМ продажба) за набавка на струја (и така ви недостасува, па крадете наоколу) во периодите од денот кога ТЕ-ТО не работи со флексибилност од 0 до 200MW, намалете со трошење на увозен и скап јаглен и намалете со трошење на хидроакомулациите, ШТЕДЕТЕ, ќе ви треба, ќе биде долга и напорна (енергетски) година. Така ќе имаат скопјани топли радијатори, ЕЛЕМ (ЕСМ) ќе штеди ресурс и ќе има струја (која нема скапо МЕПСО да ја плаќа како крадената од околните држави), пишува тој.