Американски судија денеска го одби барањето на принцот Ендру да се откаже од тужбата за сексуален напад, што е поведена против овој член на британското кралско семејство.
Француските медиуми пренесуваат дека со оваа одлука на судијата Луси Каплан, од судот во Њујорк, се дава зелено светло за продолжување на случајот.
Њујоршкиот судија во својата одлука наведува дека молбата на Ендрју да се отфрли граѓанската тужба поднесена од Вирџинија Џуфре е „отфрлена во сите аспекти“.
Џуфре тврди дека Епштајн ја нудел за сексуални услуги на негови богати и влијателни партнери, меѓу кои и на принцот Ендру, тврдење кое вториот син на кралицата Елизабета Втора постојано и категорично го негира.
Минатата недела, адвокатите на Ендрју го повикаа судијата Каплан да ја отфрли тужбата, повикувајќи се на договорот што Џуфре го потпишала во 2009 година со починатиот финансиер Џефри Епштајн.
Адвокатот на Ендрју, Ендрју Бретлер, изјави дека Џуфре „се откажала од своите права“ да гони други обвинети во врска со наводните сексуални престапи на Епштајн.