Наместо да се занимаваме со препукувања поттикнати секојдневно од прес конференциите и соопштенијата на СДСМ, порачуваме Владата да го реши проблемот со греењето во Скопје и својата енергија да ја насочи кон тоа, реагираат од Град Скопје.
Градот Скопје и да сака не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата. Ниту градот Скопје има средства колку што има Владата на располагање, ниту има инфраструктура што ја поседува Владата да го разреши овој проблем, па ниту има ингеренции.
Алармантна е целата ситуација, а ние две недели се докажуваме кој што треба да прави во услови кога механизмите се во Влада. Ова требаше да се заврши како процедура уште пред пет месеци и да бидеме подготвени за ова сценарио.
Град Скопје уште еднаш ја повикува Владата да покаже одговорност и итно донесе јасен план за помош на граѓаните, како што постапи секоја Влада во состојба на енергетска криза, стои во реакцијата на Град Скопје.