Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ја откри причината зошто не менуваше на крилната позиција и мораше цел натпревар да игра младиот Цветан Кузманоски кој немаше баш најдобар ден како на првиот натпревар со Словенија.
Се работи за повреда. Левото крило Бојан Маџовски се повредил на последниот тренинг, имало најава дека ќе игра со Црна Гора, меѓутоа не можел да го понесе товарот, откри Лазаров.
„Ни фалат седум до осум играчи кои имаат улоги меѓу главните шеснаесет и зад себе имаат големи натпревари. Тука сме јас, Стоилов, Маркоски, Манасков, Младеновиќ кој имаше тренажен процес, Ојлески… Исто така денес имавме проблем и со Маџовски кој се повреди на последниот тренинг, затоа немавме ротација кога говориме за младиот Цветан Кузманоски и тој мораше да игра цел натпревар. Ни се случија многу работи, но тоа не е алиби и причина за поразот“, изјави Лазаров.
Младиот Цветан Кузманоски за првпат е на едно Европско првенство. Против Словенија беше најдобар стрелец, а против Црна Гора заврши како второ име, но со двојно повеќе нереализирани обиди.