Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија, откако Федералниот суд утринава ја потврди одлуката на владата за поништување на визата. Австралиската влада смета дека 34-годишниот Ѓоковиќ, кој не е вакциниран против ковид-19, е закана за јавното здравје.
Ѓоковиќ требаше утре да го почне настапот на Австралијан опен, првиот гренд слем во годината, но сега веќе нема да може да ја брани титулата.
Србинот е сместен во имиграциски притвор во хотел во Мелбурн, истото место каде што беше однесен кога пристигна во Австралија на 6 јануари.