понеделник, 15. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ уште првиот ден како продолжение од својот функционерски стаж јавно се огради од македонското малцинство во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ уште првиот ден како продолжение од својот функционерски стаж јавно се огради од македонското малцинство во Бугарија

Маричиќ уште првиот ден како продолжение од својот функционерски стаж јавно се огради од македонското малцинство во Бугарија додека клима со главата на бугарските барања за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Изјавата на Маричиќ е дека нема да се меша во малцинските права во Бугарија.

Прашуваме:

Кој друг освен Македонија да се интересира за правата на Македонците во Бугарија?

Дали изјавата на Маричиќ значи дека ќе побара Бугарија да не се меша во правата на малцинствата во Македонија?

Срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое преставува продолжување и континуитет на срамните политики на заевизмот.

Најнови вести