четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал без проблеми во третото коло, убедлива и Барти на АО

Надал без проблеми во третото коло, убедлива и Барти на АО

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во третото коло на Австралија Опен откако со 3:0 во сетови го победи Германецот Јаник Ханфман со 6:2, 6:3, 6:4.

Надал покажа дека се наоѓа во одлична форма и во ниту еден момент не му дозволи на 126-тиот тенисер во светот да се понадева на сензација.

Во третото коло се пласираше и српскиот тенисер Миомир Кецманови, со 3:0 во сетови го победи Томи Пол од САД и тоа со 7:6, 7:5, 7:6.

Денис Шаповалов се намачи но на крајот победи со 3:2 во сетови против Кон од Јужна Кореја, Беретини со 3:1 во сетови беше подобар од Козлов, а по голема драма Карено-Бусто со 3:2 во сетови го елиминираше Грекспор од Холандија.

Кај дамите Ешли Барти продолжува да гази откако во првото коло дозволи само еден гем на Украинката Цуренко, на Италијанката, Бронзети и дозволи само еден повеќе (6-1, 6-1). Пласман во третата рунда обезбедија и Азаренка, Свитолина, Бадоса и Киз.