среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Австралија Опен ќе ги плати судските трошоци за „случајот Ѓоковиќ“

Австралија Опен ќе ги плати судските трошоци за „случајот Ѓоковиќ“

Судските трошоци кои се проценуваат на околу еден милион долари за двете рочишта што беа одржани во Мелбурн поради проблемите со влезната виза на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе ги платат организаторите на Австралија Опен, јавија денеска британските медиуми.

Точната сума засега не е позната, но се проценува дека ќе изнесува околу еден милион долари, имајќи предвид дека трошоците по првото рочиште изнесуваа околу 500.000 долари, објави весникот „Дејли Мејл“.

Весникот, повикувајќи на австралиски извори, наведе дека судските трошоците ќе бидат намирени со пари од даночните обврзници.

– Најважната работа која луѓето не ја знаат е дека Тенис Австралија ги плаќа судските трошоци за рочиштата на Ѓоковиќ, Тенис Австралија добива пари за организација на грен – слем турнирот во Мелбурн од австралиската Влада, така што тие кои плаќаат данок ќе ги платат и овие трошоци, иако Ѓоковиќ го загуби споро, тврди изворот на „Дејли мејл“.