Се поголем е интересот за копање и тргување со криптовалути во Босна и Херцеговина. Според „Независне новине“, преед компјутерите се повеќе се седнати попови, наставници и пензионери. Но, според експертите, оваа заинтересираност не е од скоро, туку трае веќе пет –шест години.
Во БиХ не постои законска регулатива што ја дефинира оваа област, но тоа не значи дека трговијата со оваа валута не подлежи на други законски прописи. Во Босна и Херцеговина има неколку фирми кои сериозно се занимаваат со копање на криптовалути, но на свестко ниво тие не влегуваат во некој голем рејтинг. Според екпертите, пазарот на Босна е мал, па и покрај заинтересираноста, тоа е мала трговија, каде луѓето имаат најмногу две машини за рударење, а тие трошат колку мала кварцна греалица и луѓето се греат на овие машини во текот на зимата.
Во Македонија во тек е законска легислатива за криптовалутите што беше ставено во програмата на новата влада. Инаку, во државава беа откриени многу кражби на струја која била користена за копање на криптовалути. Најпознат беше примерот со ГТЦ каде синовите на Амбди Бајрам имаа поставено машини за криптовалути, но полицијата не преземаа ништо бидејќи тие тврдеа дека струјата не била крадена.