Вчера во претпладневните часови едно храбро семејството одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт, информираат од Министерство за здравство.
-По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега.
Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.
Со нивната хуманост и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.
И за тоа сме им бескрајно благодарни.
Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат, додаваат од МЗ.