Исланд го декласира олимпискиот шампион Франција со 29:21 (17:10), во третот коло, во Групата 1 на Европското првенство во ракомет во машка конкуренција .
Франција не можеше да ја пробија одбраната на Исланд, на чии гол блескаше 21-годишниот Халгримсон, кој имаше 15 одбрани. Нападот го предводеа десните бекови Магнусон со 10 и Кристијансон со 9 гола. Кај Франција Турна и Деска постигнаа по пет гола.
На табелата, по некомплетното третото коло Данска, Франција и Исланд имаат по 4 бода, Холандија и Црна Гора по 2, а Хрватска е без освоен бод.
Црна Гора остана без шанси да се вмеша во борбата за второто место, во Групата 1, на Европското првенство откако во третото коло Холандија ја победи со 34:30.
Третиот голман на Холандија натпреварот го заврши со 14 интервенции. Најефикасни во редовите на Холандија беа Смитс со девет, односно Стејнс и Фалке со по шест гола. Кај Црна Гора се истакнаа Чепиќ и Вујовиќ со по шест гола.