Рускиот претседател Владимир Путин би можел да се состане со севернокорејскиот лидер, Ким Џон-ун во септември.
Средбата би можела да се случи во Владивосток на далечниот исток на Русија, пренесува Ројтерс повикувајќи се на Риа новости.
Како што се наведува, се разгледуваат и други локации на кои би можело да се случи средбата.