Репрезентациите на Хрватска и Холандија, на својот последен натпревар на ЕП одиграа возбудливо до самиот крај, а конечниот епилог беше можеби и најреален, откако средбата заврши без победник, 28:28.
Кај двете репрезентации имаше по неколку расположени играчи. Хрватска на овој натпревар беше предводена од Иван Мартиновиќ. Младиот ракометар натпреварот го заврши со 12 постигнати погодоци, кои не беа доволни за победа. Во репрезентацијата на Холандија најефикасен беше Лук Стеинс со шест погодоци. Еден од погодоците на Стеинс беше постигнат во последните секунди.
Ракометната звезда од Холандија не дозволи победа за Хрватска и во последниот напад ги извади од патики хрватските џинови, постигна гол за нерешен резултат во инфаркт-завршницата и донесе бод за „лалињата“.
Five seconds on the clock – plenty of time for Luc Steins to deliver a thrilling ending to @Handbalheren 🇳🇱 & @HRStwitt's 🇭🇷 tournament 👊#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/1ftBjumZiP
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2022