Тиквешкото Езеро кое беше создадено во 1968 година беше гордост и во некогашна Југославија, а денес е ругло во кавадаречкиот регион.
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев бара начин за да се спаси истото. На денешната 6. седница на Советот на Општина Кавадарци е поднесена иницијатива за спас на Тиквешкото Езеро.
Тиквешкото Езеро е вештачко езеро на Црна Река 12 км југозападно од Кавадарци, односно 3 км јужно од селото Возарци. Езерото е настанато во 1968 година со преградување на кањонот на реката и со изградба на брана висока 104 м. Браната е изградена од нафрлан камен со глинено јадро чија должина изнесува 338 м.
Тиквешкото Езеро е најголемо вештачко езеро по површина , длабочина и по должина во нашата земја, а второ по вкупното количество вода во него. Зафаќа површина од 14 км2 и должина од 29 км. Вкупната бруто-зафатнина во езерото изнасува 475 милиони м3 вода. Водата од Тиквешкото Езеро се користи за наводнување и за добивање на електрична енергија. Наводнувањето се врши преку хидросистемот „Тиквеш“, а во близина на браната е подигната ХЕЦ „Тиквеш“.
Хидроелектранта “Тиквеш” односно браната на Тиквешката акумулација е оддалечена од вливот на Црна Река во Вардар околу 26 км, а околу 2,5 км пред излезот на реката Црна од својот кањонски дел на течението. Изградбата на браната и хидроелектранта “Тиквеш” на реката Црна со своите два агрегати е завршена 1968 година додека останатие два агрегати се пуштени во погон 1981 година. Дното на Црна Река на местото на браната се наоѓа на просечна кота од 165м надморска височина. Нивото на големи количини на вода во акумулацијата е на 270м надморска височина, додека котата на круната на преливниот шахт е на 265м надморска височина. Должината на браната изнесува 417м, а висината изнесува 105м. Ширината на основицата на браната (тампонирана – насипана од глина и чакал) изнесува 300м, додека ширината на круната на браната изнесува 14м. Енергетската вредност на акумулацијата со четирите агрегати изнесува 51.8 GW/h, со средно годишно производство од 220 GM/h, со инсталиран проток од 120 м3/sec и инсталирана моќ од 96 MW/h.
На просторот на Тиквешкото Езеро постојат голем број на археолошки наоѓалишта, населби, манастири и споменици. Од античкиот период, на овој простор се откриени повеќе наоѓалишта, како на пример: Римските гробишта кај с. Клиново и населбата Црквиште. Од средновековните наоѓалишта, познати се: населбата Тиквеш, пештерската црква „св. Лазар“ во близина на утоката на реката Каменица во Тиквешкото Езеро, Полошкиот манастир „св. Ѓорѓи“, пештерската црква „св. Марко“ во близина на с. Драдња) и др.
Во близината на селото Куманичево се наоѓа локалитетот Моминска карпа за кој постои легендата според која три девојки од селото Галиште, за да си ја спасат честа, се фрлиле од карпата. Пирота, за некоја да не се премисли, тие претходно си ги врзале косите во заедничка плетенка. Во близината на селото Моклиште се наоѓа манастир од XVI век, посветен на св. Никола.[4] Непосредно над езерото се наоѓа Полошкиот манастир и црквата „Свети Ѓорѓи“ од XIV век, богато украсена со фрески. За неа се мисли дека потекнува од крајот на IX век, бидејќи според архитектурата е многу слична со охридските црковни градби.