Доналд Трамп по се изгледа планира повторно да се кандидира за претседател на следните избори во САД.
Поранешниот претседател тоа го најави за време на голф меч додека се подготвуваше да ја удри топката на теренот. Видео клипот се појави на интернет, а на него се слушаат и коментари со поддршка од неговите соиграчи. Како што пренесуваат американските медиуми, последните анкети покажале дека тесно мнозинство републиканци, 56 отсто, сакаат да го видат Трамп како претседателски кандидат на изборите во 2024 година, додека 44 отсто се против.