четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Избран Ол-Стар тимот на Европското првенство, за МВП прогласен Џим Готфридсон од Шведска

Избран Ол-Стар тимот на Европското првенство, за МВП прогласен Џим Готфридсон од Шведска

ЕХФ о објави Ол- стар тимот на годинешниот континентален собир  на најдобрите ракометари.

Тимот го предводи играчот кој беше избран за МВП на турнирот кој се одржа во Унгарија и Словачка, Џим Готфридсон од Шведска.

Ракометарот на оваа репрезнтација заслужено ја доби наградата за најкорисен играч на Европското првенство откако со 33 гола и 47 асистенции.

Ова е второ МВП признание за Готфридсон откако во 2018 година го освои своето прво вакво признание.

Тој е само третиот играч кој успеал да се закити со две вакви признанија по Ивано Балиќ кој тоа го сторил во 2004 и 2006 и Никола Карабатиќ на кого тоа му успеа во 2008 и 2014 година.

Соиграчот на Годфридсон, Оскар Бергендал е избран за најдобар дефанзивец на првенството, а за најдобар голман признанието замина во рацете на Виктор Халгримсон од Исланд.

Данска е застапена со двајца ракометари во најдобриот тим и тоа левиот бек Микел Хансен и Матијас Гидсел како десен бек.

Најдобриот играч на Холандија, Лук Стеинс исто така се најде меѓу најдобрите, а место имаше и за Милош Вујовиќ од Црна Гора, Јоханес Гола од Германија и Алеикс Гомез од Шпанија.