Во текот на утрото, пообилни врнежи од снег го зафатија повисокиот дел на општина Гази Баба од Стајковци до Раштак, истакна градоначалникот Бобан Стефковски.
-Веднаш на терен реагираше службата за зимско оддржување и се започна со чистење на главните улици и фрлање на ризла и сол. Граѓаните ќе можат да ги реализираат своите обврски навремено и безбедно, истакна градоначалникот.