понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес оствари средба со Претседателите на ДОМ, ТДП и Српската странка во Македонија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес оствари средба со Претседателите на ДОМ, ТДП и Српската странка во Македонија

Денес би сакал да известам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оствари средби со тројца пратеници кои што истовремено се и претседатели на политички партии. Тоа се пратениците и претседателите на политичките партии ДОМ, политичката партија ТДП и Српската странка во Македонија, изјави пратеникот Антонијо Милошоски за медиумите.

Тој истакна дека разговарале на темата изборен модел и дека имаат две заеднички гледишта со овие политички субјекти.

– Прво, предложениот закон за една изборна единица кој што се наоѓа сеуште, за жал во фиоката на спикерот Талат Џафери, дека е добро да влезе во процедура и дојде на комисиска расправа за да може секој да го искаже своето мислење. Второ, ВМРО-ДПМНЕ како пратеничка група и како коалиција го поддржува изборниот модел, една изборна единица кој што би требало во иднина да го усогласиме согласно компаративно право и изборниот праг кој што би се применувал. Затоа ги цениме овие средби за продуктивни, корисни и се надеваме дека во најскоро време овој предлог на закон ќе се најде на комисиска расправа и за истиот ќе може да отвориме продуктивна дебата, појасни Милошоски.

Најнови вести