вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на власта на СДСМ, граѓаните ја платија со над 8400 животи

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на власта на СДСМ, граѓаните ја платија со над 8400 животи

СДСМ се лицемерни, обвинуваат други, а токму нивната власт е виновна за над 8400 починати од Ковид, што не става на врвот по смртност во светот. Токму власта на СДСМ се обидуваше да ќари провизии со набавката на вакцини и затоа Македонија последна го почна процесот на вакцинација, поради што илјадници македонски граѓани ги изгубија своите животи, а десетици илјади се вакцинираа во странство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На крајот,  власта на СДСМ е одговорна и за трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде што во пожар за неколку минути живи изгореа 14 пациенти.

Каде беше СДСМ, каде беше Кузеска да побара одговорност за загрозување на здравјето и животите на граѓаните тогаш?

Неодговорноста и лажната етика на СДСМ ги чинат граѓаните животи.

Обидите да ја покријат својата неспособност во справувањето со пандемијата со прес конференции не поминуваат“ – велат од партијата.

Најнови вести