недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во тек е обид за државен удар во Гвинeа Бисао

Во тек е обид за државен удар во Гвинeа Бисао

Престрелки во делот на владината резиденција во главниот град на Гвинеа Бисао одекнува во вторникот попладнето по локално време, а организацијата на западоафриканската држави (CEDEAO) со соопштение настаните ги нарече обид за државен удар.

„Организацијата на западноафриканските држави го осуди овој обид за државен удар и смета дека војската треба да одговори за физички интегритет на претседателот Гвинеа Бисао“, наведува во соопштението“ сенаведува во соопштенеито на Еконосмката заедница на западноафриканските држави CEDEAO.

Гвинеа Бисао, со два милиона жители која граничи со Сенегал и Гвинеа, можеби во вторникот е сцана на петтиот обид за државен удар во регионот во помалку од две години.

Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш, побара „итен прекин“ на судирите во дрќавата Бисао и „целосно почитување на демократските институции на земјата“.

Размената на огност одекнувала попладнето во внатрешноста на резиденцијата во којашто се наоѓаат претседателот на земјата Умаро Сисоко Ембало и премеирот Нуно Гомес Набиам и треба да одржат вонредна седница на владата.

Гвиена Бисао, откако ја стекна независноста од Португалија во 1974 година по долгата војна за ослободување, доживеа четири пати, од кои последниот се случи во 2012 година, и низа обиди за пуч и многи смени на владите.

Од 2013 година властите се обврза на повторно воспоставување на уставниот поредок. Од почетокот на 2020 година на власт е Умаро Сисоко Ембало, поранешен генерал по победата на претседателските избори којашто ја оспорува Африканската партија за независност на Гвинеа.

Меѓународните организации критикуваат дека во Гвиена Бисао владее ендемска корупција и дека земјата преставува крстосница за трговијата со кокаин меѓу Латинска Америка и Европа.